СТРУГА – Општината расадник на спортисти! Нов проект на д-р Сејад Солакоски

СТРУГА – Општината расадник на спортисти! Нов проект на д-р Сејад Солакоски

Нов одличен проект денес промовираше кандидатот за градоначалник д-р Сејад Солакоски.

СТРУГА – Општината расадник на спортисти!

Струга е град кој е познат како расадник на спортиски. Сепак голем дел од спортските работници, тренери, а особено во младинските категории,  немаат никаква поткрепа од Општина Струга.

Исто така, голем број на родители не се во можност да издвојат дополнителни сретства за да ги пратат своите деца активно да тренираат некој спорт.

Преку нашиот проект, ние предвидуваме субвенции за сите спортски работници кои работат со младински категории. Субвенциите ќе се однесуваат на минимален додаток од Општината со цел мотивирање на спортските работници да работат што повеќе со младите во општина Струга.

Ќе формираме регистар на младински школи во сите спортови на територијата на Општина Струга. Овој регистар ќе вклучува фудбалски, ракометни, шаховски, карате, џудо, кајак, и многу други спортови.

Сите тие ќе може да аплицираат за субвенции од страна на општина Струга.

Ќе направиме се Струга да го задржи епитетот на спортски град!

Струга град на репрезентативци и шампиони!

Нова ера за Струга!

Секогаш работа!

Секогаш Македонија!