Скандал: Каменоломите во Лабуништа се дирекно одобрени од Општина Струга (документи)

Скандал: Каменоломите во Лабуништа се дирекно одобрени од Општина Струга (документи)

Голем проблем во Лабуништа е загадувањето а особено од каменоломите кои делуваат многу штетно врз здравјето на сите Лабуништани а особено на децата. Бројот на заболени од белодробни заболувања како и рак е зголемен многукратно. Нема човек во Лабуништа кој не познава некој кој е заболен од овие страшни заболувања.

Иако општината Струга неколку пати кажува дека не е задолжена за одобренијата за каменоломите, и дека е против каменоломите и го сака најдоброто за Лабуништани и за граѓаните на Општина Струга, сепак со овие документи станува јасно дека сето тоа е лага.

Јасно се гледа дека во 2011 година се одобрени нови каменоломи точно од администрацијата на Општина Струга. Ова ја покажува негрижата на општината кон оние кои им ја дале довербата неколку години по ред.

Во официјалниот документ подоле може да прочитате дека надлежност за каменоломи има Општина Струга и истата дала одобрениа за работа на истите.

.