Промовиран нов проект на д-р Сејад Солакоски – Реконстукција на водоводна мрежа!

Промовиран нов проект на д-р Сејад Солакоски – Реконстукција на водоводна мрежа!

Струга е град на две води но редовно се соочува со недостиг на вода за пиење. Ова е многу сериозен проблем како за Струга, така и за Лабуништа, Драслајца, Мороишта, Езерски лозја, и мнпогу други населени места!

Проблемот е анализиран. Имаме решение. Ќе побараме меѓународен куќа која ќе направи ревизија на работењето на Проаква. Тие што направиле криминал ќе одговараат.

Стружани плаќаат најскапа вода а на лето најмалку ја имаат. Губитоците на вода заради неодржување на системот достигнуваат и до 40%! Жителите во централното градско подрачје пијат вода од стари цевки кои се опасни по нивното здравје.

Ветувам дека овој проблем ќе започнам да го решавам од првиот ден како градоначалник на град Струга! Паралелно ќе побараме ревизија на работењето и ОДГОВОРНОСТ од сите но и ќе работиме на изработка на ЕУ проект кој ќе обезбеди реконструкција на водоводната мрежа, поставување на мерачи за загуби во самите цевки. Ќе разговараме и со Јапонската амбасада која е заинтересирана исто така да помогне со овој проблем во град Струга.

Дополнително, ќе работиме на замена на цевките и поставување на систем кој ќе обезбеди водоснабдување за следните 50 години.

Ќе направиме систем и правилник како и посилна контрола. Со овој правилник, на компаниите и индивидуалците кои нерационално ја користат водата, ќе им се наметнат дополнителни расходи.

Ова се проекти кој не се популарни за градоначалниците но се суштински за населението. Како градоначалник ова ќе биде приоритет. Сите жители на Струга заслужуваат да живеат во 21 век.

Нова ера!

Секогаш работа!