Промовиран нов проект на Д-р Сејад Солакоски – реконструкција и изградба на нови маалски игралишта

Промовиран нов проект на Д-р Сејад Солакоски – реконструкција и изградба на нови маалски игралишта

Денес беше промовиран нов проект за младите во Струга и Струшко. Тоа е реконструкција на сите маалски игралишта и изградба на нови. Струга има неколку постојни маалски игралишта но сите се во многу лоша состојба. Дел од нив се со уништена подлога а на другите им се уништени сите реквизити како кошеви, голови и слично. Такви се игралиштата на 25 Мај, до ракометното игралиште, кај училиштето Ј.Б.Тито, до училиштето Браќа Миладиновци, игралиштето на Ристо Крле и многу други.

Во делот на соработката со младите, увидов дека е потребна реконструкција на овие маалски игралишта. Ова ќе значи повеќе можности за спортување како за младите така и за повозрасните.

Дополнително, општината финансиски ќе ги поддржи традиционалните турнири како во Струга така и по другите населени места во Струга. Со ова ќе се допринесе за развој на спортскиот дух и на здравјето на населението.

Затоа што на Струга и е потребна нова ера!

Секогаш Работа!

Секогаш Македонија!