Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес (12 октомври, 2017 година) оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија.

Тема на разговор беше изборната кампања, и нејзиниот тек.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.

Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата.