Посета на д-р Сејад Солакоски и поранешниот Министер во МВР Оливер Андонов на Радожда и Таш Маруништа

Посета на д-р Сејад Солакоски и поранешниот Министер во МВР Оливер Андонов на Радожда и Таш Маруништа

Поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов, заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија посета на Радожда и Таш Маруништа.

Во Радожда при средбите со жителите беше посочено дека никој од Локалната власт во последните 12 години не направил ништо за Радожда. Истите посочија дека важно за идниот градоначалник е да ја направи канализационата мрежа во Радожда.

Локалното население исто така го изрази својот револт од големиот број на отказни решенија кои беа поделени после промената на власта од страна на СДСМ во Радожда.

На средбата, граѓаните истакнаа дека очекуваат победа на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и силна советничка листа која ќе работи во интересот на Радожда и Струга во целина.

Од страна на кандидатот за градоначалник д-р Солакоски беше истакнато дека приоритет во неговата програма е излегување од 20тиот век и решавање на сите проблеми со канализацијата, водата за пиење и комуналниот отпад. Тоа ќе го направам и за Радожда но и за сите населени места.

Г-дин Оливер Андонов истакна дека СДСМ нема идеа како се води државата и како да ја подигнат економијата. Само за 100 дена имаат пад во економијата, зголемување на долгот на РМ, зголемен криминал и негативни показатели во сите економски свери.

Младите се излажани, пензионерите украдени. Време е сите заедно да им дадеме црвен картон на СДСМ и да им покажеме дека нема да дозволиме комплетно уништување на државата.

Во Таш Маруништа жителите ги истакнаа слични проблеми. Искажаа големо незадоволство од односот на владата кон државните интереси, падот на економијата и другите неостварени ветувања. Тие искажаа револт кон СДСМ и истакнаа дека очекуваат силна казна и проака до СДСМ од страна на цел народ.