Лабуништа ќе оди напред! Планот и програмата за Лабуништа ми се детални и развојни!

Лабуништа ќе оди напред! Планот и програмата за Лабуништа ми се детални и развојни!

Лабуништа ќе оди напред. Планот и програмата за Лабуништа ми се детални и со силна развојна компонента. Мојата цел е после 4 години од мојот мандат, во Лабуништа да ги остварам во најмала рака овие предизборни ветувања кои ви ги презентирам денес.

Лично очекувам да направам и многу повеќе, имајќи предвид дека јас сум Лабуништанец, роден сум и живеам во ова населено место. Очекувам да имам силна подршка од моите сограѓани и со една силна и голема победа да обезбедиме мандат за градоначалник кој ќе донесе развој на Лабуништа.

 

 

Во програмата ќе ви презентирам и други проекти за Боровец, за Октиси, за Подгорци, но и за Враништа, за Радожда и за сите населени места во Струга и Струшко. Струга заслужува да биде најчистата и најразвиената општина.